12.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАИЗБОР

Фризерите пријавуваат нов симптом на ковид 19 – паѓаат слоеви на кожата

Фризерите низ Велика Британија почнаа да известуваат дека некои од нивните клиенти, кои имале коронавирус, сега имаат нови, сериозни алергиски реакции како што се осип и изгореници по боење на косата.

Според Би -Би -Си, научниците од Империјалниот колеџ во Лондон истражуваат дали и како коронавирусот може да го репрограмира нашиот имунолошки систем поради сето погоре.

Британското здружение, кое застапува фризери и козметичари, ги предупредува сите вработени во тие професии да бидат обврзани да спроведат дополнителни епикутани тестови за да избегнат евентуални судски постапки. Епикутаниот тест се користи за да се докаже доцна реакција на преосетливост на контактни алергени – алергенски закрпи се нанесуваат на кожата на грбот, а тестот се чита по 48 и 72 часа.

Иако веќе десет години користи иста боја на коса, Гема, која имаше коронавирус, имаше реакција на тестот. Од нејзиниот фризерски салон, тие велат дека четворица нивни клиенти веќе го имале истиот проблем откако почнале да го спроведуваат споменатото алерголошко тестирање.

– Ден по тестот, почувствував како кожата зад увото ми гори, и како што минуваше времето, работата само се влошуваше … Буквално изгубив слоеви на кожа – рече Гема.

– Ова не е изолиран инцидент и затоа тестирањето во мојот салон е задолжително – вели фризерот на Гемина, Стејси Клајн.

Спонзорирано: