7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Возило удри во тераса пред ресторан во близина на Париз, има повредени

Возило удри во тераса пред ресторан во градот Фонтејнбл, во близина на Париз, при што беа повредени неколку лица. На лице место се екипи на полицијата и брзата помош, пренесуваат медиумите во регионот.

Снимките на социјалните мрежи покажуваат како полицијата ја оградува областа недалеку од Палатата Фонтенбло, познатиот француски средновековен замок, додека една фотографија покажува црн автомобил среде терасата на ресторанот, со столици расфрлани околу него, пренесуваат агенциите.

Според извештаите на новинарите, итните служби ги евакуирале повредените со помош на хеликоптер.

Првичните извештаи сугерираат дека во инцидентот се повредени три лица, додека според други објави од тамошните медиуми повредени се најмалку шест лица.

Спонзорирано: