13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТ

Израел: Трета доза добија 3 милиони, заразени 10.000 за 2 дена

Во Израел, според најновото соопштение на Министерството за здравство, за два дена се регистрирани повеќе од 10.000 случаи на нови случаи на ковид, во моментот кога третата, засилувачка доза на вакцината ја примиле повеќе од три милиони луѓе.

Од тоа, 4.683 биле заразени во петокот, а 5.344 денеска, објави Тајмс оф Израел.

Бројот на пациенти кои се во сериозна состојба се искачи на 717, иако се намали под 700 на почетокот на месецот, а меѓу оние кои се во сериозна состојба, 195 се на респиратор.

Во Израел има 84.527 активни случаи, а од почетокот на пандемијата, регистрирани се 1.219.374 случаи на ковид.

7.507 пациенти починаа.

Спонзорирано: