8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

Во средата и во текот на вчерашниот ден дадени се вкупно 22.581 вакцина

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови во државата, а во тек е и теренска вакцинација.

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со среда и во текот на вчерашниот ден, вакцинирани се вкупно 767.652 граѓани.

Прва доза вакцина во средата и во текот на вчерашниот ден примиле 3.407 граѓани, а вкупно се вакцинирале 22.581 граѓанин. Во државата вкупно се дадени 1.435.392 дози вакцини, а втора доза примиле 667.739 граѓани.

Со последните бројки, 55 проценти од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 30 отсто од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постојните вакцинални пунктови во државата. Децата од 12- до 18-годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување, како и смртен исход од неа.