Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Во германскиот парламент набрзо може да седнат четири транс-жени

По претстојните парламентарни избори во Германија, кои се закажани за 26 септември, четири трансродови лица, кои се на листата на кандидати на Социјалдемократската партија (СПД) и Зелените, би можеле да влезат во Бундестагот.

„Кој ја сака Теса, мора да гласа за Ганзерер“ – стои на плакатите на Зелените, а на нив е слика на жена со долга руса коса, која се смее.

Станува збор за кандидат кој има машко име, Маркус, од кое се откажал пред три години, бидејќи не се поистоветува со него.

Ганзерер беше член на Зелените во покраинското собрание во Баварија, првите години под машко име.

Во ноември 2018 година Ганзерер излезе во јавноста како транссексуална личност и прв таков политичар во германскиот парламент.

Оттогаш, јавно настапува како Теса Ганзерер.

Инаку, Ганзерер одбива официјално да го промени името и полот според Законот за транссексуалност.

Имено, тој закон, стар 41 година, предвидува дека лицето кое сака да ги направи тие промени, може да ги побара по барем еден психолошки сертификат и судска одлука.

Затоа Ганзерер има машко име во своите документи.

Покрај Теса Ганзерер, во Бундестагот би можеле да влезат уште три трансродови лица, Викторија Бросарт, Нике Славик од партијата на Зелените, како и социјалдемократката Рија Сибил Гејер.

„Овие избори се историски момент“, изјави Габриел Нокс Коениг од сојузната асоцијација „Транс“.