11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

Стигна донацијата од Бугарија – 50.000 вакцини фајзер

Синоќа, во 21 часот, во нашата земја пристигнаа вкупно 51.480 „Фајзер-Бионтек“ вакцини како донација од соседна Република Бугарија. Веднаш по пристигнувањето, 30.000 вакцини беа дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум земјата, со цел да се обезбеди непречен процес на имунизација на населението.

Иако рокот на важност на вакцините е до 30. септември, со постоечката дневна динамика на вакцинација, донираните вакцини ќе бидат употребени далеку пред истекување на овој рок.

Благодарност до Владата на Република Бугарија за оваа донација, која претставува гест на солидарност и уште една потврда за успешната соработка меѓу институциите на двете земји во справување со Ковид-кризата.

Инаку, препорачана возраст за имунизација со вакцината „Фајзер-Бионтек“ е над 12 години.

Вакцинацијата во Република Северна Македонија се одвива непречено, на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.

Вакцините се безбедни и ефикасни и претставуваат единствен начин да се победи пандемијата. Само со целосна вакцинација се намалува шансата од заболување, се спречува тешка форма на болеста, хоспитализација и смртен исход.

Спонзорирано: