5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Словенија воведе задолжителна вакцинација за вработените во јавната администрација

Сите вработени во јавната администрација во Словенија кои не прележале коронавирус и кои не се вакцинирани, задолжително ќе мора да се вакцинираат против Ковид-19. Негативниот тест за коронавирус веќе нема да им биде доволен на државните службеници за да одат на работа, како за другите невакцинирани граѓани, одлучи словенечката влада доцна синоќа.

Секој државен службеник ќе треба да ја прими првата доза од вакцината до 1 октомври и втората до 1 ноември, освен ако не се одлучиле за вакцината на „Џонсон и Џонсон“ која обезбедува заштита по една доза.

Во Словенија на сила се заострени мерки, според кои за одење на работа, за возење во јавен превоз, за посета на трговски центар, банка или пошта потребна е потврда за вакцинација или негативен тест.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Во Словенија падна снег

M T

Словенија ѝ подари на Украина 35 пешадиски борбени возила наследени од Југославија

M T

Огромен пожар во Словенија, ангажирана е и војската

M T

Пожари во Словенија, огнот брзо се шири па се стравува од експлозии од Првата светска војна

M T

Бензините во Словенија со цена од 1,775 – дизелот 1,848 евра за литар

M T

Обраќање на Голоб по победата: Ова е јасен мандат за жителите на Словенија кои очекуваат брзи потези

M T