13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Се полни болницата во Козле – пет деца се на кислородна поддршка

Се повеќе деца заразени со Ковид 19 се хоспитализираат во детската болница во Козле, а 5 од нив се на килосордна поддршка, објави Сител.

Како што дознаваат од телевизијата, децата имаат ниска сатурација и сериозна клиничка слика, но нивната состојба според лекарите е стабилна. Од 20 кои лежат во болничките соби дури 15 се школски деца. Освен наод на белите дробови пациентите имаат и висока температура и глад за воздух. Педијатрите предупредуваат дека овој бран е многу посериозен од претходните и бројот на приеми и прегледи е зголемен со стартот на учебната година.

Лекарите стравуваат дека бројот на заразени ученици ќе се зголеми откако децата ќе бидат затворени во училниците за време на зимата.

Педијатрите велат дека секоја висока температура и кашлица не е ковид и родителите веднаш да не трчаат во Козле туку да побараат прво помош кај матичните.

-Имаме во чекалните и деца со температура кои не се позитивни и позитивни и доаѓа до мешање на инфекцијата па и тие што немаат можат да добијат. Затоа прво кај матичен и ако состојбата е сериозна болницата е 24 часа достапна за сите пациенти, вели др. Поповска.

Спонзорирано: