15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Само со „Ковид сејф тикет“ ќе се влегува во ресторани, дискотеки и спортски и културни центри во Брисел

Од октомври во Брисел, Белгија, за влез на јавни места и собири ќе биде потребен доказ за вакцинација, прележан Ковид или негативен ПЦР тест.

Сертификатот којшто ќе го носи името „Ковид сејф тикет“ ќе се бара во дискотеки, ресторани, затворениот простор во кафулињата, спортските центри, културните објекти и настани со над 50 лица, како и на сите други настани со 50 лица во затворена просторија или 200 лица на отворено. Ќе се бара и во установи за ранливи лица како пензионерски домови и хотели.

Брисел е единствениот град во Белгија засега кој го презема овој чекор.

Спонзорирано: