18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТСПОРТ

Почина легендарниот тренер Душан Ивковиќ

Почина славниот српски кошаркарски тренер Душан Дуда Ивковиќ на 78-годишна возраст.

Тој почина утрово во болница во Белград, каде што се лекувал од болест на белите дробови.

Ивковиќ е роден во Белград на 29 октомври 1943 година и е еден од највлијателните европски тренери на сите времиња.

Тој ќе биде запаметен како еден од најуспешните селектори на југословенската репрезентација, со која трипати беше европски шампион – 1989 (Загреб), 1991 (Рим) и 1995 (Атина), еднаш светски шампион (1999 година) и олимписки вицешампион (1988).

Ивковиќ потоа ја почна преродбата на српската кошаркарска репрезентација како селектор во периодот 2008-2013 година кога освои сребро на Евробаскетот во 2009 година и ги постави темелите за резултатите што следуваа во наредните години.

Во својата клупска кариера, која ја почна во Раднички од Белград, единствениот клуб за кој играше во текот на својата десетгодишна играчка кариера, тој ги водеше Партизан, Олимпијакос и ЦСКА, како и Арис, Шибеник, Војводина, Паниониос, АЕК, Динамо Москва и Анадолу Ефес.

Тој ја заврши тренерската кариера по Ефес во 2016.

Ивковиќ ја освои Евролигата двапати – во 1997 и 2012 година, и двата пати со Олимпијакос.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Нова болест на хоризонтот: Ковид-19 и вирусот Западен Нил ЗДРУЖУВААТ СИЛИ

M T

Хип-хоп тренер од Словенија украл велосипед во Скопје, кај него била пронајдена марихуана

M T

ВНИМАВАЈТЕ – 14 проценти од луѓето ја имале болеста пренесена преку крлежи

M T

Пазете се од легионерска болест: Еве какво е влијанието на КЛИМА уредот врз нашето здравје

M T

Болест што предизвикува паника и страв: Еве што е хипохондрија и како се лекува

M T

ВНИМАНИЕ! ЗАПОЧНА СЕЗОНАТА НА КРЛЕЖИ! – Последиците можат да бидат фатални ако е на кожата повеќе од 36 часа, а еве како правилно да го отстраните

M T