13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Нови поостри ковид мерки во Австрија, ќе влијаат главно на невакцинираните

Во Австрија денеска стапија на сила новите мерки против коронавирусот што ќе влијаат главно врз невакцинираните граѓани, анализираат австриските гласила.

Како што објави владата, стапи на сила новата регулатива со која се враќа обврската за носење маски од повисоко ниво на заштита, односно „FFP2“.

На сите места каде што требаше да се носи маска досега, отсега сите граѓани мора да носат маски од типот FFP2. Ова се однесува на супермаркети, аптеки, јавен превоз, бензински пумпи.

Во другите продавници, според регулативата, постои разлика помеѓу вакцинирани, излечени и невакцинирани клиенти.

Имено, невакцинираните мора да носат маска од типот „FFP2“ отсега во трговските центри и сите продавници, како и продавници за облека, електронски уреди и слично, додека вакцинираните и излекувани од коронавирусот можат да користат обични медицински маски.

Вакцинираните и излекуваните луѓе не мора да носат маски во тие продавници, освен во Виена каде треба да носат обични маски.

Меѓутоа, за да ги користат овие слободи, тие мора да имаат доказ за вакцинација или од претходно прележана болест со нив за време на нивниот престој во продажниот простор, бидејќи се најавени строги контроли.

Исто така, невакцинираните луѓе се должни да носат маски „FFP2„ во културни институции како што се музеи, библиотеки или архиви.

Концертите и театрите се ослободени од оваа мерка, но и кината каде што невакцинираните луѓе можат да се изедначат со вакцинираните или излечени граѓани со прикажување на негативен тест, а таму можат да носат и обични маски.

Обврската за носење маски „FFP2“ е воведена и во католичките цркви на богослужбите, додека за крштевки, венчавки и слично, ќе се применува правилото „3G“ наместо обврската за носење маски, односно учеството е можно само со потврда за вакцинација , документ за прележан ковид или негативен тест.

Поради враќањето на обврската за носење „FFP2“ маски, повеќето супермаркети и продавници им нудат на своите клиенти бесплатни маски.

Австриската влада донесе одлука за заострување на ковид мерките поради постојано растечкиот дневен број на нови пациенти, но исто така објави дека мерките постепено ќе се заоструваат во согласност со искористувањето на капацитетите на интензивна нега.

Спонзорирано: