8.8 C
Скопје
23. септември 2021
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Коронавирус Свет

Африканската унија повика на поправеден пристап за купување вакцини

Африканската унија ги обвини производителите на вакцини против Ковид-19 дека на африканските земји не им се дава еднаква шанса да купат вакцини и ги повика земјите производители – особено Индија – да ги укинат забраните за извоз на вакцини и нивни состојки.

„Овие производители многу добро знаат дека никогаш не ни го дале вистинскиот пристап“, рече Стрив Масијава, специјален пратеник на Африканската унија за Ковид-19, на брифингот на Светската здравствена организација во Женева.

Од 5,7 милијарди дози на вакцина против коронавирус, дистрибуирани досега низ целиот свет, само 2 проценти се дистрибуирани во Африка.

Масијава нагласи дека, со намера да вакцинираат 60 проценти од населението, Африканската унија и нејзините партнери очекувале да купат половина од потребните дози, додека другата половина се очекувало да пристигне во Африка преку програмата Ковакс, поддржана од СЗО и ГАВИ, глобален сојуз за вакцини.