13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Арсовска ги крши протоколите и оддржува состаноци без маска, за вакво дело на почетокот на годинава цело раководство на ДУИ заработија пријави

Кандидатката за градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска оди на состаноциво затворени простории и не носи маска, а фотографиите на кои е очигледно прекршувањето на протоколите за заштита од Ковид – 19, ги објавува на „Фејсбук“, пренесува А1он.мк.

Според важечките протоколи за заштита од коронавирус на сила е задолжително носење маска во затворени простории, но од фотографиите што ги објавила кандидатката Арсовска се гледа дека маските, место на лице, на учесниците на состанокот им стојат на маса.

Фотографијата е од состанок со Занаетчиската комора, а Арсовска ја објави на „Фејсбук“ вчера.

За фотографии објавени на социјалните мрежи во јануари годинава, за неносење маски и неодржување дистанца, кривична пријава добија функционери од ДУИ кои во новоотворените простории на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците го славеа роденденот на лидерот Али Ахмети. МВР ги казни сите по 20 евра за неносење маска по објавата на фотографиите, јавува А1он.мк.

Спонзорирано: