18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Hermann Kollinger/Pixabay
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

ЕМА предупредува: Сојот „Му” е причина за загриженост

Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека варијантата на коронавирусот позната како „Му” може да биде причина за загриженост, иако сe уште нема докази дека ќе го надмине во моментот доминантниот сој Делта.

„Му”, кој првпат беше идентификуван во Колумбија во јануари и е научно познат како Б.1.621, е класифициран претходно овој месец како „варијанта што предизвикува интерес” од Светската здравствена организација.

ЕМА, иако се фокусираше главно на многу заразна варијанта Делта, „разгледува други мутации кои би можеле да се шират, како што се Ламбда (идентификувана во Перу) и, од неодамна, Му, изјави шефот на стратегијата за вакцинирање на ЕМА Марко Кавалиери на прес-конференција.

– Сојот „Му” потенцијално повеќе загрижува поради евентуалното зголемено имунолошко бегство кое може да го покаже”, истакна Кавалиери.

Регулаторот со седиште во Амстердам, што тестира лекови за 27-члената ЕУ, ќе разговара со производителите на вакцини за ефикасноста на тековните лекови во справувањето со варијантата Му.

– Сепак, морам да кажам дека се уште немаме податоци за да покажеме дека варијантата Му се шири толку брзо и дали ќе има шанси да ја надмине мутацијата Делта како доминантен сој, објасни Кавалиери.

ЕМА анализира ширење на пет мутации меѓу кои е и „Му”.

Спонзорирано: