17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУСТЕМАЗДРАВЈЕ

Вакцините имаат позитивни ефекти врз менталното здравје

Вакцинацијата може да спречи штетни последици

Вакцината „Ковид-19“ има позитивен ефект врз менталното здравје на имунизираните Американци, дури и по првата доза, објави Универзитетот во Јужна Калифорнија.

Истражувањето, финансирано од Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, беше спроведено на околу 8.000 Американци.

„Вакцинацијата може да го подобри квалитетот на животот, перформансите на работа, да им овозможи на луѓето да продолжат со вообичаените активности, да станат социјално поактивни, да се вратат во канцеларија или да добијат работа“, велат научниците.

Американските центри за контрола и превенција на болести велат дека „мерките за јавно здравје, како што се физичкото растојание, се неопходни за борба против пандемијата“, но исто така и дека „тие создаваат чувство на изолација и осаменост кај луѓето и можат да предизвикаат стрес и вознемиреност“.

Вакцинацијата може да ги спречи овие штетни последици, вклучително и „недостаток на интимен контакт“, за кој експертот од Сорбона, Луиз Кирш и колегите од Универзитетскиот колеџ во Лондон велат дека се „поврзани со зголемена вознемиреност и поголема осаменост“.

Студијата Кирш, спроведена за време на првото затворање минатата година, укажува на „важната улога на меѓучовечкиот и особено интимниот контакт во стресни времиња“.

„Интимниот контакт, спротивен на пријателскиот и професионалниот, беше најмалку спречен во пандемијата, но токму второто се покажа како најважно за психолошкото здравје“, се вели во студијата.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Заедно заштитени-вакцините делуваат – Караванот за информирање и вакцинација ќе посети 24 локации низ земјата

M T

Гир: Ако не сте вакцинирани – вакцинирајте се, јас сега одам да ја примам четвртата доза

M T

ЕУ купува 110.000 вакцини против мајмунски сипаници

M T

САД: Вакцини за деца под 5 години најрано на 21 јуни

M T

Сеул: Ќе ѝ понудиме вакцини и медицинска опрема на Северна Кореја

M T

Произведувач на вакцини против коронавирус криел проблеми со квалитетот

M T