11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

МЗ: Сите донирани вакцини од Бугарија ќе ги аплицираме пред истекување на рокот

Министерството за здравство информира дека согласно точните проекции за потребите за ревакцина со вакцината на „Фајзер“, како и големиот интерес за прва доза од овој производител, сите дози ќе бидат аплицирани далеку пред истекување на рокот на важност.

Вакцините од производителот „Фајзер“ кои треба да пристигнат како донација од Република Бугарија, ќе бидат аплицирани за 5 до 7 дена од нивната дистрибуција на пунктовите. Согласно договорот со Република Бугарија, вакцините ќе бидат достапни на 14 септември на нашите пунктови што значи дека има повеќе од доволно време да се искористат и ниедна да не биде уништена. Просекот на дневно аплицирани дози е околу 10.000 вакцини и најголем процент од нив се токму од производителот „Фајзер“. Оттаму граѓаните може да бидат спокојни дека сите вакцини ќе бидат безбедни и со важечки рок во моментот на вакцинирање.

Министерството во оваа прилика изразува благодарност до Владата на Република Бугарија за донацијата.

Апелираме граѓаните масовно да се вакцинираат како би се заштитиле од вирусот.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Заедно заштитени-вакцините делуваат – Караванот за информирање и вакцинација ќе посети 24 локации низ земјата

M T

Гир: Ако не сте вакцинирани – вакцинирајте се, јас сега одам да ја примам четвртата доза

M T

ЕУ купува 110.000 вакцини против мајмунски сипаници

M T

САД: Вакцини за деца под 5 години најрано на 21 јуни

M T

Сеул: Ќе ѝ понудиме вакцини и медицинска опрема на Северна Кореја

M T

Произведувач на вакцини против коронавирус криел проблеми со квалитетот

M T