19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТ

Германски вирусолог шокира со изјавата: Вакцинираните „намерно“ да се инфицираат со коронавирус

Германскиот вирусолог, Кристијан Друстен, рече дека е неопходно вакцинираните граѓани намерно да бидат инфицирани со коронавирусот.

Најистакнатиот германски вирусолог, Кристијан Друстен, препорачува вакцинираните луѓе да се заразат со коронавирусот, со цел да бидат заштитени од Ковид 19 што е можно подолго.

Тој на својот подкаст објави дека вакцинираните луѓе, кои намерно се инфицираат, можат да создадат високо ниво на антитела. Друстен, исто така, изрази сомневање дека само вакцинацијата е доволна за надминување на пандемијата.

„На есен, дефинитивно ќе треба да ги ограничиме контактите“, рече тој.

Според него, мислата дека ќе влеземе безгрижно во есента е „луда претпоставка“.

Врз основа на моменталната ситуација, посочува тој, вакцината штити од сериозни болести, но не и од инфекција.

За Друстен, пандемијата може да се победи само со вакцина и инфекција по имунизација. Во исто време, тој апелираше до вакцинираните да се придржуваат кон мерките, бидејќи само така можат да ги заштитат невакцинираните сограѓани.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Во Хрватска денеска почнува вакцинацијата против омикрон

M T

Оваа вакцина ќе го промени светот

M T

ФДА: Вакцината против коронавирус безбедна за деца од шест месеци

M T

Експерти: Северна Кореја без вакцина против коронавирус е на работ на катастрофа

M T

ЕМА го замрзна процесот на тестирање на руската вакцина Спутник

M T

Шефот на Фајзер: Омикронскиот бран е последниот во кој ќе имаме такви ограничувања

M T