11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТSHOWBIZ

„Не ми останува многу време, знам во што сакам да ме закопаат“ ѕвездата на Беверли Хилс има терминален карцином

На американската актерка Шенон Доерти (50), најпозната по улогата на Бренда во серијата „Беверли Хилс“ и серијата „Шарми“, во 2015 година и беше дијагностициран рак на дојка.

По терапијата и тивката фаза, болеста и се врати пред една година и овој пат нема лек бидејќи ракот е во последна фаза.

– Дали некогаш сте почувствувале дека имате толку многу да кажете, а знаете дека нема да можете – напишала актерката на Инстаграм, која, според блиски извори, е се полошо секој ден.

– Човекот се изморува да се бори со ветерници. Така и неа и се смачи да се бори со ракот. Иако не се откажува, свесна е дека нејзиното заминување е блиску, бидејќи резултатите се прилично лоши и воопшто не ветуваат – рекол извор близок до актерката.

Пред една година, актерката ја избра песната „Солзи во рајот“ за последното збогување, а откри и во што сака да биде погребана.

– Знам во што сакам да одам на другиот свет. Подготвив фустан што го добив од еден од моите најдобри пријателки пред неколку години. Се чувствувам посебно во него. Сакам да бидам убава. Сакам на сите да им останам во најдобро сеќавање. Се обидував во последните месеци да коригирам некои врски, да им се извинам на луѓето што ги повредив – свесно или несвесно. Сакам да го живеам животот во потполност и да уживам во ова малку време што ми останува – изјави Шенон за американските медиуми пред една година.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Шефот на „Астра зенека“ си купи нова луксузна куќа во австралискиот Беверли Хилс

M T