15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Ким Џонг-ун ги одби кинеските вакцини, но нареди построги мерки во земјата

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун им нареди на службениците да спроведат поостра кампања за спречување на епидемијата откако тој одби некои странски вакцини против Kовид-19, понудени во рамките на програмата „Ковакс“, поддржана од Обединетите нации.

За време на вчерашниот состанок на Политбирото, Ким рекол дека официјалните лица „мора да имаат предвид дека заострувањето на мерките за спречување на епидемијата е задача од најголема важност во која не смееме да попуштиме ниту за момент“, објави денеска официјалната корејска централна новинска агенција.

Ким исто така ја истакна потребата од материјални и технички средства за спречување на вирусот и зголемување на квалификациите на здравствените работници.

Севернокорејскиот лидер претходно ги повика граѓаните на Северна Кореја да се подготват за продолжување на ограничувањата во врска со Ковид-19, што укажува дека националните граници ќе останат затворени и покрај влошените економски услови.

Од почетокот на пандемијата Северна Кореја применува строг карантин и затворање на границите за да спречи појава на ширење на епидемијата.

УНИЦЕФ, која набавува и доставува вакцини во име на програмата „Ковакс“, во вторникот соопшти дека Северна Кореја предложила три милиони вакцини на „Синовак“ наменети за Пјонгјанг да бидат испратени во други земји, кои се сериозно погодени од Ковид-19.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Заедно заштитени-вакцините делуваат – Караванот за информирање и вакцинација ќе посети 24 локации низ земјата

M T

Гир: Ако не сте вакцинирани – вакцинирајте се, јас сега одам да ја примам четвртата доза

M T

ЕУ купува 110.000 вакцини против мајмунски сипаници

M T

САД: Вакцини за деца под 5 години најрано на 21 јуни

M T

Ким Џонг -ун ќе ја активира војската во борбата против коронавирусот?

M T

Сеул: Ќе ѝ понудиме вакцини и медицинска опрема на Северна Кореја

M T