7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay / Илустрација
КОРОНАВИРУСТЕМАЗДРАВЈЕ

6 начини како да ја вратите силата по коронавирусот

Како и секоја болест, и ковид -19 остава трага на телото и го исцрпува.

Постојат две главни причини за ова. Недостатокот на хранливи материи за време на болеста и вирусот, е голем стрес за телото кое се бори со сето ова.

Еве неколку начини за враќање на силата по коронавирус:

Калории

Јаглехидратите се гориво за нашето тело и после корона мора да бидеме внимателни да јадеме доволно висококалорична храна за да имаме доволно енергија. Вклучете храна како сладок компир, житарки, леќа и здрави масти во вашата исхрана. Јаглехидратите во овој случај се пријатели на организмот.

Протеини

Додека телото се бори против инфекцијата, мускулите исто така умираат, а протеините се основните хранливи материи. Затоа, по болеста, треба да земете многу протеини за да го стимулирате растот на мускулите. Храната полна со протеини се јајца, пилешко, риба …

Омега 3

Омега 3 масните киселини помагаат да се намали воспалението во телото, а за време на инфекција со коронавирус, телото поминува низ значителен воспалителен процес. Додатоците на Омега 3 би било добро да се земаат два месеци по закрепнувањето, а храна богата со овие масни киселини се чиа семе, лешници, лосос, масло од соја …

Работете на здравјето на дигестивниот систем

За време на инфекцијата, микробиомот во дигестивниот систем се менува, што предизвикува дигестивни проблеми. Вклучете пробиотици и пребиотици во вашата исхрана.

Витамин Д

Витаминот Д е важен за повеќе од 800 процеси во телото, а на многу луѓе им недостасува. За да го замените секојдневно, треба да поминете 30 минути на сонце, ако сметате дека тоа не е доволно, консултирајте се со доктор за додатоци.

Хидратација

Важно е да бидете добро хидрирани бидејќи водата помага во подобра дистрибуција на хранливи материи во телото. Покрај тоа, го стимулира потењето и мокрењето, предизвикувајќи телото да излачува токсини.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T

По коронавирусот, цревна болест се појавила во Северна Кореја

M T

ФДА: Вакцината против коронавирус безбедна за деца од шест месеци

M T