3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: press kit, sputnikvaccine.com
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

MADE IN SERBIA: Русите одобрија „Српски Спутник V“ произведен на Торлак, достапни 550 илјади дози вакцини

Рускиот институт Гамилеја одобри употреба на 550.000 вакцини Спутник V, кои беа произведени во Торлак, до 13 август.

Министерот за иновации и технолошки развој Ненад Поповиќ рече дека Институтот Гамалеја синоќа одобри употреба на вакцини од Торлак, кои, како што вели, се со ист квалитет како и вакцините произведени во Русија.

Тој објасни за РТС дека 18 параметри биле контролирани според највисоките светски стандарди и сите покажале одличен резултат, додавајќи дека 960 примероци биле контролирани според сите светски стандарди.

Поповиќ додаде дека вакцините се подготвени за употреба.

– Имаме 550.000 вакцини – 275.000 вакцини од компонента 1 и 275.000 вакцини од компонента 2, подготвени за употреба овде во Србија, со ознака произведено во Србија – рече Поповиќ.

Кога ќе дојде до извоз, тој вели дека одлуката за тоа ќе ја донесат Владата на Србија и претседателот Александар Вучиќ.

– Треба да се координираме со руските партнери, да добиеме одобрение за извоз од нив, за да не извезуваме на истите пазари. Но, сигурен сум дека за РС, Црна Гора, Северна Македонија, БиХ, за нашите соседи, овие вакцини сигурно ќе ги има во доволни количини – рече Поповиќ.

Можеби ќе ве интересира

Брнабиќ: Поголеми притисоци врз Вучиќ и Србија немало никогаш

M T

Рама: Не треба да се врши притисок врз Србија

M T

Ковачевски: Треба целосно да ги подигнеме рампите со Србија и Албанија, ние сме единствен регион во светот со граници

M T

Блинкен ја повика Србија да дозволи одржување на „Европрајд“

M T

Шпанскиот премиер: Ја поддржуваме Србија кога станува збор за Косово

M T

Вучиќ најави дека Србија би можела да и’ помогне на Македонија со струја и храна ако се продлабочи кризата

M T