18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Неопходно е двете страни да работат на натамошно имплементирање на преспанскиот договор

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Никос Дендиас, министер за надворешни работи на Република Грција, кој престојува во посета на земјата.

Во текот на разговорот, Пендаровски и министерот Дендиас разменија мислења за билатералните односи меѓу Северна Македонија и Грција, состојбите во регионот, како и за актуелните случувања и состојби во Авганистан.

Двајцата соговорници изразија задоволство од динамиката на политичкиот дијалог меѓу двете држави во изминатиот период, а во овој контекст, Пендаровски најави дека во тек се подготовките за првата официјална посета на Грција, предвидена за наредниот месец. Пендаровски изрази очекување дека посетата ќе придонесе кон уште подинамичен дијалог и кон дополнително унапредување на соработката меѓу двете земји.

МАКЕДОНИЈАПендаровски: Неопходно е двете страни да работат на натамошно имплементирање на преспанскиот договорОбјавено пред 8 минути – 31 август, 2021Од Макфакс

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Никос Дендиас, министер за надворешни работи на Република Грција, кој престојува во посета на земјата.

Во текот на разговорот, Пендаровски и министерот Дендиас разменија мислења за билатералните односи меѓу Северна Македонија и Грција, состојбите во регионот, како и за актуелните случувања и состојби во Авганистан.

Двајцата соговорници изразија задоволство од динамиката на политичкиот дијалог меѓу двете држави во изминатиот период, а во овој контекст, Пендаровски најави дека во тек се подготовките за првата официјална посета на Грција, предвидена за наредниот месец. Пендаровски изрази очекување дека посетата ќе придонесе кон уште подинамичен дијалог и кон дополнително унапредување на соработката меѓу двете земји.

Истовремено, осврнувајќи се на билатералните односи, Пендаровски изрази задоволство од нивото на економската соработка меѓу двете држави која бележи значителен напредок, при што оцени дека потпишувањето на Договорот од Преспа не само што ги нормализираше политичките односи, туку позитивно влијае и врз севкупните економски односи меѓу двете држави.

Во контекст на имплементацијата на Договорот од Преспа, претседателот Пендаровски посочи дека е неопходно негово натамошно имплементирање, како и ангажман од двете страни, за да се обезбеди брзо и непречено продолжување на работата на воспоставените тела со Договорот.

Покрај ова, во текот на разговорот двајцата соговорници разменија мислења и информации за процесот на македонската евроинтеграција, при што, искажувајќи благодарност за грчката поддршка на тој план, претседателот Пендаровски посочи дека усвојувањето на рамката за преговори останува наш приоритет.

На средбата, претседателот Пендаровски се заблагодари и за грчката донација од 20.000 вакцини против Ковид-19, како и за укажаната помош во справувањето со пожарите во Гевгелија на почетокот на овој месец.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Пендаровски: Да се сплотиме и заеднички да се соочиме со проблемите

M T

Претседателот Пендаровски и сопругата ќе присуствуваат на погребот на кралицата Елизабета

M T

Претседателот Пендаровски ja пречека словачката претседателка Зузана Чапутова

M T

Пендаровски-Браже: Северна Македонија ќе продолжи активно да се бори против дезинформациите

M T

Пендаровски: Во борбата против дискриминацијата, неопходни се независни тела, кои ќе имаат знаење и капацитет

M T

Пендаровски до Рот: Берлинскиот процес не треба да се третира како замена за процесот на пристапување во ЕУ

M T