18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Филипче: Важно е да се поддржи училишниот процес, потребно е граѓаните да се вакцинираат

На денешната прес-конференција министерот за здравство д-р Венко Филипче дискутираше за податоците во врска со состојбата со вирусот Ковид-19 во нашата држава. Според министерот Филипче, стратегијата и пристапот кон вакцинацијата на Владата, досега е многу успешен. Трета седмица по ред, кај нас е најголем просечниот раст на вакцинирани граѓани во регионот. Во градовите кадешто е најголем опфатот со вакцинација, најмала е застапеноста на хоспитализации, што укажува на тоа дека вакцинацијата е единствен излез од пандемијата. Во пресрет на новата школска година, министерот Филипче порача дека многу е важно да се поддржи училишниот процес со тоа што граѓаните ќе се вакцинираат. На овој начин ќе овозможиме децата да имаат безбеден училишен процес.

-Утре започнува училишната година која е ќе биде со физичко присуство. Ова е многу важно за децата и учениците бидјеќи недвосмислено сите анализи покажуваат дека тие мора да одат на училиште и дека повторно одлагање на учебната година или учење онлајн е на нивна штета. Речиси сите земји во светот го вратија нормално училишниот процес, ќе го направиме тоа и ние. – изјави министерот Филипче.

За граѓаните кои од разбирливи причини бараат онлајн настава, министерот Филипче им порача дека доколку се влошува состојбата или вирусот почне да се шири во училиштата, подготвени се алтернативни решенија. Во тој случај, здравјето на децата нема да биде доведено во прашање. Со оглед на тоа што искуството од минатата година покажа дека трансмисијата на вирусот во училиштата беше прилично ниска, нема такви очекувања.

Бројките за ефикасност исто така трета недела по ред ја потврдуваат ефикасноста на вакцината како оружје против Ковид 19. Болниците се за жал полни со невакцинирани пациенти кои претставуваат 90% од сите хоспитализирани.

-За жал, исто така имаме се поголем број на млади пациенти со тешка клиничка слика бидејќи сега вирусот се штити кај нив. Затоа тие мора да се свесни дека никој не е заштитен и што побрзо да се вакцинираат. -порача министерот Филипче.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Пекинг воведе задолжителна вакцинација против ковид – Кој сака во градот мора да се вакцинира

M T

Почнува вакцинација со четврта доза против Ковид-19

M T

СЗО за мајмунските сипаници: Нема да биде потребна масовна вакцинација

M T

Иран одобри вакцинација за деца на возраст од 5 до 11 години

M T

Италија парично ќе ги казнува луѓето над 50 години кои не се вакцинирани, важи и за странци

M T

Италијански лекари и стоматолози кои не се целосно вакцинирани се суспендирани од работа

M T