12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Од Македонија се најголем дел од повратниците кои го „увезуваат“ коронавирусот во Австрија

Според податоците oд австриската Агенција за храна и безбедност (AGES), повеќе од две третини од заразените повратници од одмор, го донеле вирусот во Австрија од Западен Балкан.

Најголем број на „увезени“ случаи се од Северна Македонија, дури 866, а во споредба со ситуацијата од пред две недели, тоа е зголемување за 477.

Косово исто така предничи на листата со зголемување на бројот на „увезени“ случаи од 253 на 799.

Следува Турција, од каде 662 случаи биле „увезени“ во Австрија.

Меѓи водечките земји на оваа листа се и Хрватска со 683 случаи, а и од Србија има зголемен број на „увезени“ инфекции.

Во 31-та календарска недела во Австрија беа регистрирани 5.888 инфекции со корона, а во 32. недела веќе имаше 8.113, од кои околу 40 проценти отпаѓаат на повратници од одмор.

Во меѓувреме, Федералната служба за борба против тероризмот и заштита на Уставот (БВТ) предупреди на опасноста од нови дејствија на групи кои го негираат постоењето на коронавирусот, пред се против медиумите.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Албанец осуден на доживотен затвор во Австрија, ја избодел сопругата до смрт бидејќи за појадок му послужила супа

M T

Претседателот на Австрија се лизнал додека се шетал во парк, добил помал потрес на мозокот

M T

Од 1 август нови правила за влез во Австрија поради корона вирусот

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T