10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Новинарката која направи интервју со талибански претставник, ја напушти земјата

Новинарката Бехешта Арганд која во живо интервјуираше висок талибански функционер, ја напушти земјата. Таа беше запишана во историските книги на Авганистан, откако нивниот разговор го обиколи светот.

Два дена подоцна, Арганд повторно ги прегази црвените линии. Таа ја интервјуираше Малала Јусафзаи, пакистанска активистка која преживеа талибански обид за атентат. Јусафзаи е прв пат да биде интервјуиран на некоја авганистанска телевизија.

Набргу потоа, Арганд одлучи да го напушти Авганистан, наведувајќи ги опасностите со кои се соочуваат многу новинари и обични Авганистанци. Во интервју за Си-Ен-Ен Бизнис, таа опиша како и изгледале последните две недели.

„Ја напуштив земјата бидејќи, како и милиони други, се плашам од талибанците“, рече таа.

Сега Мохсени, сопственикот на телевизиската мрежа ТОЛО, вели дека случајот Арганд е добар показател за ситуацијата во Авганистан.

„ Речиси сите наши познати новинари и новинарки заминаа. Работиме како луди и се обидуваме да најдеме нови луѓе. Имаме двоен предизвик бидејќи се обидуваме да испратиме луѓе надвор од земјата и во исто време ја работиме нашата работа“ – рече тој.

Арганд има 24 години. Таа за Си -Ен -Ен изјавила дека одлучила да стане новинарка во средно училиште, кога наставникот ја повикал да застане пред соучениците и да ги прочита вестите како да е ТВ-презентер.

Студирала новинарство на Универзитетот во Кабул четири години. Таа работеше во неколку новински агенции и радио станици пред да се пресели во ТОЛО њуз претходно оваа година.

Арганд вели дека интервјуто било болно за неа, но дека тоа го направила за Авганистанките.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Украинска новинарка на „Фокс њуз“ загина во Киев

M T

Тренчевска во интервју за МРТВ: Со Сојузот на синдикатите на Македонија денеска ќе разговараме за зголемување на минималната плата на 18.000

M T

Во Мексико убиена новинарка која била под заштита на државата

M T

Рама: Ќe примиме 4.000 Авганистанци – јас сум католик, жена ми е муслиманка, а двете деца се православни

M T

Новинарка интервјуираше талибанец иако жените се повлечени од телевизиите

M T

Маричиќ за Еуроњус: Северна Македонија и Албанија се повеќе од подготвени за почеток на преговорите со ЕУ

M T