10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАИЗБОР

НАУЧНИЦИТЕ ОТКРИВААТ – Еве зошто коронавирусот предизвикува благи симптоми кај децата

Одамна е познато дека коронавирусот кај децата обично предизвикува само благи симптоми, но досега не беше целосно јасно зошто.

Новото истражување покажа дека имунолошкиот систем на детето е подобро подготвен за напади на коронавирус отколку имунолошкиот систем на возрасно лице благодарение на клетките во горниот респираторен тракт кои се постојано во состојба на готовност.

Затоа телото на детето во случај на инфекција брзо успева да го „отфрли“ вирусот, односно пред да се размножи масовно.

Ова веројатно објаснува и зошто децата многу поретко добиваат КОВИД отколку возрасните, напишаа научниците од Универзитетот во Берлин и Хајделберг во списанието „Природна биотехнологија“.

„Сакавме да откриеме зошто одбраната против вирусот очигледно работи многу подобро кај децата“, рече Ирина Леман, раководител на Одделот за молекуларна биологија во Берлинскиот здравствен институт (БИХ).

Во потрага по одговор, научниците зедоа клетки од носната слузница на 42 здрави и 44 болни возрасни и деца. Потоа, меѓу другото, тие ја анализираа активноста на одредени гени во одделни клетки.

За брза борба против вирусот, мора да бидат активни таканаречените рецептори за препознавање, кои иницираат одбрана на телото, објаснуваат тие. И токму овој систем во клетките на горниот респираторен тракт и во некои клетки на имунолошкиот систем беше многу „буден“ кај децата, покажа анализата.

Кај возрасните, напротив, „системот за рано предупредување“ е фатен неподготвен, во тој случај вирусот се шири побрзо и поефикасно.

„Научивме од оваа студија дека не постојат само фактори на ризик за ковид, туку и фактори на заштита“, рече Леман.
Авторите тврдат дека нивните наоди би можеле да го отворат патот за нови истражувања за тоа дали научниците можат превентивно да стимулираат заштитна реакција на коронавирус кај пациенти со висок ризик за да го доведат до нивото што го имаат децата изложени на вирусот.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Три деца се меѓу 13-те загинати откако руски воен авион се урна во дворот на зградата

M T

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Путин повика да се посвети посебно внимание на безбедноста на децата од новите региони

M T

4 хороскопски знаци кои се најпопустливи родители: Тие ја играат улогата на „добриот полицаец“

M T

Жена и две мали деца загинаа во железничка несреќа во Хрватска

M T

Уапсена мајката чии деца биле пронајдени мртви во куфери на Нов Зеланд

M T