10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТМОЗАИК

Научниците открија остров што може да биде најсеверната точка во светот

Научниците од Данска посочуваат дека случајно откриле остров крај брегот на Гренланд, кој би можел да биде најсеверното копно во светот.

Научниците од Универзитетот во Копенхаген првенствено мислеа дека пристигнале во Оодаак, остров откриен од дански научен тим во 1978 година, за да соберат примероци за време на една експедиција во јули. Сепак, тие случајно се закотвиле на остров северно од нивната дестинација.

„Бевме убедени дека островот на кој се наоѓаме е Оодаак, кој дотогаш беше најсеверниот остров во светот“, рече водачот на тимот Мортен Раш.

Тој додаде дека кога објавиле фотографии од островите и координати на социјалните мрежи, се појавиле американски „ловци на острови“, тврдејќи дека тоа не може да биде вистина.

„Ловци на острови“ се познати авантуристи чие хоби е потрагата по непознати острови.

Островот, кој се уште нема име, се наоѓа на околу 780 метри северно од Оодаак, што е една од најсеверните точки во светот. Наводно, островот бил откриен по поместувањето на ледените брегови.

Научниците предложија островот да се вика Qeqertaq Avannarleq, што на гренландски значи најсеверниот остров.

Островот се состои од мали акумулации на кал и чакал, или материјал депониран на површината на морето. Научниците не знаат колку долго ќе постои островот.

„Никој не знае колку време ќе потрае. Во принцип, може да исчезне во првата силна бура “, рече Раш.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Нов пожар на Евија

M T