5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+СВЕТ

Поранешен авганистански министер сега работи како доставувач во Германија

Сајед Садаат беше министер за комуникации во авганистанската влада пред да се пресели во Германија во септември минатата година во потрага по подобра иднина. Сега е доставувач во Лајпциг.

Тој признава дека некои негови блиски луѓе го критикувале дека прифатил таква работа откако две години служел во владата. Но, за него, вели тој, работата е работа. Тој поднесе оставка од функцијата министер во 2018 година.

„Немам за што да се чувствувам виновен“, рече 49-годишниот, стоејќи во портокалова униформа покрај велосипед.

„Се надевам дека и другите политичари ќе го следат истиот пат, да работат со јавноста а не само да се кријат“, заклучи тој. Неговата приказна стана особено истакната по хаосот што се разви во Авганистан по преземањето на Талибанците.

Неговото семејство и пријателите исто така сакаат да ја напуштат земјата. Тие се надеваат дека ќе им се придружат на илјадници други на летови за евакуација или ќе се обидат да најдат други правци.

Садаат се бореше да најде работа во Германија што ќе одговара на неговото претходно искуство. Со дипломи за информатика и телекомуникации, Садаат се надеваше дека ќе најде работа во сродна област. Но, без познавање на германски, вели тој, неговите шанси биле мали.

„Јазикот е најважниот дел“, вели Садаат, кој има и британско државјанство. Учи германски четири часа секој ден во училиштето за јазици, а потоа започнува шестчасовна смена со доставување оброци.

„Првите денови беа возбудливи, но тешки“, рече тој, опишувајќи го предизвикот да научиш да возиш велосипед во градскиот сообраќај.

„Колку повеќе излегувате и колку повеќе среќавате луѓе, толку повеќе учите“, рече тој.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Германски министер за економија: На Украина ѝ се потребни 350 милијарди долари за реконструкција

M T

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе учествува на Самитот на ОН за трансформација на образованието

M T

Португалскиот министер за надворешни: Во политиката не е целта да се постигне се, туку она што е возможно

M T

Убиен министер и син на поранешен претседател на Доминиканска Република

M T

Словенечкиот министер за земјоделство поднесе оставка поради хотелска сметка

M T

Бујар Османи денеска ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Романија, Богдан Ауреску

M T