11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Бајден: Нов терористички напад во Кабул е можен во следните 24 до 36 часа

Американскиот претседател, Џо Бајден, вечерва изјави дека нов терористички напад во Авганистан е многу веројатно да се случи во следните 24 до 36 часа.

„Ситуацијата на терен сѐ уште е многу опасна, а заканата од терористички напади на аеродромот во Кабул остана голема. Нашите команданти ме информираа дека најверојатно ќе има напад во следните 24 до 36 часа“, рече Бајден.

Тој додаде дека утрово се сретнал со тимот за национална безбедност во Вашингтон и одржал разговор со командантите на терен.

„Разговаравме за нападот извршен од американските сили против терористичката група ИСИС во Авганистан. Реков дека ќе ја нападнеме групата одговорна за терористичкиот напад врз нашите војници и невини цивили во Кабул, и го направивме тоа“, изјави Бајден.

Тој рече дека нападот врз ИСИС не е последен и дека САД ќе го фатат секое лице вклучено во терористичкиот напад што се случи завчера.

Спонзорирано: