4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Британците оставиле контакти на авганистанските сојузници во амбасадата, сега таму се Талибанците

Персоналот на британското Министерство за надворешни работи оставило документи со податоци за контакт на Авганистанците кои работат за нив расфрлани на теренот во кругот на Британската амбасада во Кабул, која беше окупирана од Талибанците, објавија светските медиуми.

“Повлекувањето на нашата амбасада се забрзува бидејќи ситуацијата во Кабул се влошува. Направени се сите напори да се уништат чувствителните материјали”, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи како одговор на извештајот.

Според агенциите документи со идентификација на седум Авганистанци биле пронајдени во кругот, додека талибанските борци патролирале во амбасадата. Весниците објавија дека на Министерството за надворешни работи му биле доставени детали за тројца членови на персоналот во Авганистан и нивните осум членови на семејството.

„Клучно е што сега успеавме овие три семејства да ги ставиме на листата на безбедни“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи.

Можеби ќе ве интересира

Британците цела ноќ и оддавале почит на кралицата, спиеле и на тротоарите

M T

Захарова: Лондон им сврте грб на Британците заробени во Донбас

M T

По Италија и Шпанија повторно ќе ја отвори амбасадата во Киев

M T

Рускиот амбасадор во Букурешт: Амбасадата доби закани за бомби, атмосферата е тензична

M T

Британците објавија нови податоци: Тешките борби продолжуваат северно од Киев

M T

САД ги повика семејствата на претставниците на амбасадата во Белорусија да ја напуштат земјата

M T