10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТМОЗАИК

Секогаш со него: Италијанец на раката истетовирал сертификат за примена вакцина

22-годишен студент во Италија стана неочекувана сензација на интернет откако на раката го истетовира баркодот од дигиталниот ковид-сертификат.

Наместо змеј или срце прободено со стрела, студентот на раката има тетоважа со QR-код, што докажува дека е вакциниран против Ковид-19.

Андреа Колоне, која живее во Реџо Калабрија, на југот на Италија, ќе треба само да го засука ракавот на влезот во ресторан или кино и да ја покаже тетоважа на левата рака.

„Оригинално е, сакам да се разликувам“, изјави тој за весникот „Кориере дела Калабрија“ откако неговите фотографии станаа вирални на Инстаграм и Тик-ток.

Неговите родители не биле толку воодушевени. „Тие ме советуваа да бидам помалку импулсивен и да размислам малку подобро пред да направам што било“, рече тој.

Видеото објавено на Tik-Tok покажува како се подготвува да влезе во „Мекдоналдс“ и ја крева раката. Стражарот на вратата потоа го скенира QR-кодот, но снимката застанува таму, па не се знае дали необичната тетоважа му овозможила да купи хамбургер.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

ЕУ ја продолжи употребата на ковид сертификатот до јуни 2023 година

M T

Со сертификат за вакцинација или прележана болест, Македонците ќе можат да влезат во Бугарија

M T

МЗ: Сертификатите за вакцинација се валидни и не се повлечени од употреба

M T

И Холандија воведе сертификат за вакцинација за влез во ресторани, кафулиња, музеи…

M T

Oд 1 септември влез во Македонија само со ПЦР тест, сертификат за вакцинација или потврда за прележан ковид

M T

Стартуваат новите мерки – Невакцинираните граѓани од денеска не можат да влегуваат во кафеани и на настани

M T