23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
СВЕТ

Пентагон го советувал Бајден да го почитува договорот со талибанците, велат од Белата куќа

Пентагон му препорача на американскиот претседател Џозеф Бајден да се придржува до договорот на 31 август како краен рок за заминување на американските војници од Авганистан, потврдија американските власти.

Претставникот на Белата куќа, Џин Псаки, изјавил дека американскиот претседател ги предупредил лидерите на Г7 за време на самитот дека американската мисија во Кабул ќе биде завршена во зависност од постигнувањето на американските цели.

„ Претседателот потврди дека сме на добар пат да ги исполниме тие цели до 31 август“ рече Псаки.

За време на својот говор на самитот на Г7, американскиот претседател посочи дека САД „ забрзано го изведуваат повлекувањето од Авганистан до 31 август, во зависност од соработката со талибанците“.

Бајден испрати илјадници американски војници на аеродромот во Кабул, откако талибанците го освоија главниот град и поголем дел од Авганистан пред речиси две недели.

Околу 6.000 американски војници помагаат да се евакуираат американски државјани и загрозени Авганистанци, но и да се обезбеди аеродромот за да можат другите земји да ги евакуираат своите граѓани.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Петровска потпиша Договорот за соработка со Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор

M T

Милановиќ: Кога Бајден ќе лета со комерцијален авион, тогаш и јас ќе летам

M T

Путин: Работата на стратешкиот договор со Иран е во завршна фаза

M T

Тупанчески за А1он: Меѓународен договор не може да се суспендира со закон

M T

Бајден: Војната во Украина ќе се одолговлекува

M T

Маричиќ во „Топ Тема“: Фронтекс договорот ќе биде потпишан на македонски јазик без никакви додавки

M T