23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

СЗО: Бројот на заразени лица расте во азиско-пацифичкиот регион, пандемијата е во критична фаза

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека пандемијата Ковид-19 во азиско-пацифичкиот регион е во критична фаза и оти мора да се вложат сите напори за да се ограничи ширењето и да се избегнат поопасни варијанти.

Такеши Касаи, регионален директор на СЗО за Западен Пацифик, истакна дека бројот на заразени со ковид и смртни случаи во азиско-пацифичките земји нагло расте, главно поради многу заразната делта варијанта.

Во првите три недели од август, регионот имаше 10 проценти од глобалната зараза „Ковид-19“ и повеќе од осум проценти од глобалните смртни случаи.

„Во оваа критична фаза на пандемијата, да продолжиме да работиме заедно. Во наша моќ е да ја намалиме заканата од вирусот со тоа што ќе ја искористиме максимално секоја алатка што ја имаме денес за да се бориме против него“, порача Касаи на онлајн прес -конференција.

Од СЗО споменуваат две сценарија кои се можни во наредните месеци.

Во првото сценарио, ризикот од Ковид-19 може да се намали и да се управува со него како сезонски грип и други болести што може да се спречат со вакцинација и превентивни мерки.

Во второто сценарио, може да се развијат уште поопасни варијанти кои ќе се шират уште полесно, ќе предизвикуваат посериозни болести или ќе бидат отпорни на постоечките вакцини.

„Најдобар начин е да сториме сé што можеме за да го ограничиме ширењето веднаш“, додаде Касаи.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

СЗО: Повеќе од 35.000 случаи на мајмунски сипаници во светот

M T

СЗО со предупредување: Регистрирани се повеќе од 18.000 случаи на мајмунски сипаници во 78 земји

M T

Раководителот на СЗО за Европа: Забрзајте ја вакцинацијата и воведете маски

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T

Експертите на СЗО одлучуваат дали да воведат вонредна состојба поради мајмунските сипаници

M T

СЗО: Треба да го смениме името на МАЈМУНСКИТЕ СИПАНИЦИ

M T