7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

Лекарска комора: Пријавете ги лекарите кои шират псевдонаука и невистини за ефектите од вакцинацијата

Четвртиот бран на Ковид-19 зема сериозен замав, расте притисокот врз здравствениот систем за обезбедување на потребен третман на зголемениот број на новозаболени. Во такви услови Лекарската комора се обраќа до пациентите, здравствените професионалци, стручните здруженија и надлежните институции да преземат итни чекори за да се намалат штетните последици по здравјето на луѓето.

Оттука потенцираат дека секој здравствен работник има значајна улога во создавањето на јавното мислење и преку јавното споделување на лични ставови и мислења влијае на градењето на ставовите и мислењата на другите луѓе.

„Здравствените работници треба да споделуваат ставови кои се базираат на научно докажани факти и да се воздржуваат од промоција и споделување на шпекулации и непроверени сознанија. Секогаш, а особено во услови на пандемија е важно здравствените професионалци во своите активности да се водат од Етичкиот кодекс, Законот за здравствена заштита и медицината базирана на докази, дистанцирајќи се било какво политичко или некој вид на друго влијание“, додаваат од комората.

Во однос на личните ставови кои ги споделуваат доктори, а кои се насочени кон ширење на псевдонаука и невистини за ефектите од вакцинацијата, ефектот од почитување на мерките за заштита и опасноста од вирусот, Лекарската комора, согласно своите надлежности, може да постапува по добиена пријава и да ги утврдува фактите во секој конкретен случај во комуникација со сите засегнати страни, надлежните институции и комисии и стручните здруженија. Лекарската комора охрабрува ваквите случаи да се пријавуваат, со цел да може формално правно да постапува по нив.

Од Лекарската комора се децидни дека вакцинацијата е најефикасното решение за заштита од вирусот, која значително ги намалува шансите за да настане инфекција како и компликации од болеста.

„Научните докази ги потврдуваат овие сознанија, затоа не треба да постои дилема, туку секој кој нема апсолутни контраиндикации верификувани од стручно лице поврзани со вакцината треба да се имунизира што поскоро, бидејќи така ќе се заштити себе си и своите блиски. Секако ја потенцираме и неопходноста од почитување на мерките за заштита, како носење заштитна маска, обезбедување на социјална дистанца и избегнување на собири во затворен простор каде постои близок контакт“, велат од комората.

Лекарската комора во услови на непостоење на национални протоколи, ги повикува надлежните институции, стручните комисии и лекарските здруженија во чија надлежност е спроведувањето на континуираната медицинска едукација, а чија специјалност е од областите тесно поврзани со третман на заразните заболувања и спречување на нивното ширење, да споделат со јавноста стручни ставови за сите отворени прашања и дилеми, како би можело граѓаните заклучоци и ставови да градат на точни факти, а не на дезинформации. Непостоењето на вакви ставови, велат од комората, создава простор за слободни толкувања од нерелевантни извори кои нанесуваат огромна штета на процесот на вакцинација, а со тоа и на напорите да се стави под контрола епидемијата.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Заедно заштитени-вакцините делуваат – Караванот за информирање и вакцинација ќе посети 24 локации низ земјата

M T

Ова се три најчудни начини за слабеење за кои ДУРИ и лекарите велат дека НАВИСТИНА делуваат

M T

Гир: Ако не сте вакцинирани – вакцинирајте се, јас сега одам да ја примам четвртата доза

M T

Внимавајте при земање на овој витамин: Лекарите го поврзуваат со корона вирус

M T

ЕУ купува 110.000 вакцини против мајмунски сипаници

M T

САД: Вакцини за деца под 5 години најрано на 21 јуни

M T