12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Напад со отров на Универзитет во Германија: Седуммина затруени, еден е во критична состојба

Полицијата во Германија верува дека некој намерно труел млеко и вода во кујна во Техничкиот универзитет во Дармштат.

Седум лица имаат симптоми на труење, а еден е во критична состојба.

Како што е наведено, има се повеќе индикации дека станува збор за напад. „Шокирани сме од очигледниот криминал што се случи на нашиот универзитет“, рече претседателката на универзитетот Тања Брил.

Според полицијата, во понеделникот, седум студенти и вработени биле префрлени во болниците бидејќи се чувствувале лошо и имале промена на бојата во рацете и нозете. Сите претходно јаделе или пиеле нешто во иста кујна, достапна за секого, каде што храната се чува во заеднички фрижидери.

Полицијата верува дека неколку пакети млеко и вода биле затруени со моментално непозната супстанција во периодот меѓу петокот и понеделникот. Само лабораториски анализи, за кои ќе треба време, ќе покажат за каква супстанција станува збор, велат надлежните.

Исто така, се испитуваат и други намирници и пијалоци достапни на универзитетскиот кампус. Според таблоидот Билд, полицијата формира специјална истражна група за тој случај.

“Работата ја сфаќаме многу сериозно. Не можеме да исклучиме дека станува збор за обид за убиство”, изјави јавниот обвинител Роберт Хартман.

Состојбата на 30-годишниот ученик, кој во понеделникот беше во животна опасност, во меѓувреме се стабилизира, но останува критична. Другите жртви поминаа со нешто поблаги симптоми.

Полицијата ги советуваше сите што престојуваат во кампусот да не јадат или пијат нешто што било внесено порано во зградата. Оние кои забележуваат дека нозете или рацете се поплавени, се препорачува веднаш да повикаат брза помош и да не се движат.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

СЕ ИСПОЛНУВА СОНОТ НА СЕКОЈ ИСЕЛЕНИК ОД БАЛКАНОТ: Германија планира да го олесни процесот за добивање државјанство

CENTAR MKD

Мерц: Социјален туризам на Украинците во Германија

M T

Ненси Пелоси: Скапата енергија е „мала цена“ во споредба со украинските жртви

M T

Шолц: Германија е подготвена да преземе водечка воена улога во Европа

M T

Османи – Хофрајтер: Германија е клучен политички партнер на Македонија

M T

Предупредување за жителите во Германија, бил објавен список на залихи поради опасност од прекин на струја

M T