12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Српскиот актер Бјелогрлиќ приведен поради напад врз режисер

Српскиот актер и режисер Драган Бјелогрлиќ е приведен под сомнение дека утрово околу 4 часот во нишкиот хотел „Амбасадор“ го нападнал режисерот Предраг Гага Антонијевиќ и го удрил неколку пати во главата.

Српските медиуми објавија видео од надзорната камера во хотелот за кое тврдат дека од од нападот.

Антонијевиќ има видливи повреди на лицето.

Предраг Антонијевиќ е автор на филмот „Дара из Јасеновац“, а пред извесно време го обвини Бјелогрлиќ дека му нудел поткуп на почетокот на 2016 година за да го поддржи филмот „Есента на самураите“.

Антонијевиќ објави преписка со Бјелогрлиќ од 2016 година, во која се вели дека „може да заработи 100 сома“, а од е-поштата се гледа и дека Антонијевиќ категорично одбива да го стори тоа.

Бјелогрлиќ тогаш го негираше тоа и тврдеше дека преписката е фалсификувана.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Сирени утрово во Киев – Нов напад на Запорожје

M T

Американка загина во напад на ајкула

M T

Песков: Нападот врз руската амбасада во Кабул е терористички чин

M T

34-годишен човек преживеал напад од алигатор во Флорида

M T

САД: Русија подготвува напад врз цивилната инфраструктура во Украина

M T

Салман Ружди во свесна состојба, разговарал со инспекторите за нападот

M T