10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

На есен трета доза вакцина за постарите и болните во Хрватска

Анализата на антитела на стари лица кои се меѓу првите што се вакцинирани против Ковид-19 од крајот на декември и во текот на јануари ќе покаже дали треба да се почне со третата доза и во Хрватска.

Во Хрватска, меѓу популацијата постара од 65 години, 588.755 лица (69.0%) се вакцинирани со една доза и 555.832 лица (65.1%) со две дози.

„ Направив мало истражување и се надевам на првите резултати од анализата оваа недела. Дали ќе започне третата доза за стари лица, зависи од резултатите и како другите земји ќе реагираат на третата доза”, за „Вечерњи лист“ изјави епидемиологот Бранко Колариќ, раководител на Геронтолошката служба за јавно здравје на Наставниот институт за јавно здравје Др. Андрија Штампар.

Имунолошкиот одговор слабее со биолошкото стареење, а случаите на неуспех во вакцинацијата се јавуваат почесто кај постарите лица и кај лица со ослабен имунитет. Како што објасни имунологот проф. Златко Тробоњача, концентрацијата на антитела постепено се губи, во просек десет месеци по болеста е преполовена, а по вакцинацијата исто така постепено се намалува, иако не толку брзо.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Жена и две мали деца загинаа во железничка несреќа во Хрватска

M T

Во Хрватска денеска почнува вакцинацијата против омикрон

M T

Земјотрес во Херцеговина, почувствуван и во Хрватска

M T

Маж застрелан на популарна плажа во Хрватска, починал на пат кон болница

M T

Свечено отворање на Пељешкиот мост, најголемиот инфраструктурен проект во Хрватска

M T

Во Хрватска 10 случаи на мајмунски сипаници

M T