14.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Хенри“ ги поплави улиците во североисточниот дел на САД

Тропската бура Хенри предизвика поплави во североисточниот дел на САД, а повеќе од 140.000 домови останаа без електрична енергија.

Невремето ја погоди државата Род Ајленд во неделата попладне, по што се упати кон северозапад, кон Конектикат, пренесува АП. Пред тоа, огромни количини дожд паднаа врз областите југозападно од Њу Џерси, а потоа го погодија североисточниот дел на Пенсилванија.

Поројните дождови ги затворија мостовите, затрупаа патишта и заробија некои луѓе во возилата.

Националниот центар за урагани прогнозира дека се очекува Хенри да ослабне и најверојатно да застане во близина на државната линија Конектикат-Њујорк пред да се врати на исток низ Нова Англија и на крајот да биде турнат кон Атлантскиот Океан. Властите на Нова Англија се загрижени за дополнителни врнежи, по веќе рекордните летни врнежи.

„Земјата е толку заситена што може да се поплави со само уште еден сантиметар дожд“, објави владата на Конектикат.

Претседателот Џо Бајден прогласи состојба на природна катастрофа во Масачусетс, Род Ајленд и Конектикат, најавувајќи федерална помош за закрепнување на тие држави.

„Правиме сè што можеме за да им помогнеме на тие земји да се подготват, реагираат и закрепнат“, рече претседателот, кој во неделата изрази сочувство и до жителите на Тенеси, откако во поплавите загинаа најмалку 22 лица, а исчезнаа десетици луѓе.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Мечка во САД нападнала момче во двор

M T

Џефри Сакс: Зад саботажата на „Северен тек“ можеби стојат САД и Полска

M T

Кина ги предупреди САД: Можна е нуклеарна војна, сите европски земји ќе треперат

M T

САД, Јапонија и Јужна Кореја со осуда за истреланата балистичка ракета: Тоа е неприфатливо

M T

Бочварски: Инвестиравме 23 милиони евра за реконструкција на локални улици во општините

M T

САД се огласија за државјанството на Едвард Сноуден

M T