12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Брзите тестови во Словенија веќе не се бесплатни за сите

Во Словенија од денеска се наплатуваат брзите антигени тестови за коронавирус кои досега беа бесплатни, со цел владата сака да стимулира побрза вакцинација на населението против Ковид-19. Сепак, оние на кои им треба тестирање поради работата што ја вршат се ослободени од плаќање.

Со тоа, бесплатно тестирање се’ уште е можно за угостителите, педагошките работници, вработените во продавниците и старечките домови и други социјални институции, вработените во здравствена заштита.

Тестирањето досега беше бесплатно за сите, и се користеше претежно за патувања или активности за кои беше потребна потврда. Отсега до најрано 6 септември, на места каде што се вршат такви тестирања, луѓето ќе треба да докажат дека им треба тестирање поради работата што ја работат, во спротивно се наплаќа помеѓу 10 и 12 евра.

Со прекинување на финансирањето за брзо тестирање преку државниот буџет, владата сака да го зголеми интересот за вакцинација против Ковид-19, бидејќи само 41,8 проценти од вкупното население е целосно вакцинирано досега, помалку од очекуваното и под нивото што би овозможило подобра контрола на епидемијата во очекуваниот есенски бран.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Во Словенија падна снег

M T

Словенија ѝ подари на Украина 35 пешадиски борбени возила наследени од Југославија

M T

Огромен пожар во Словенија, ангажирана е и војската

M T

Пожари во Словенија, огнот брзо се шири па се стравува од експлозии од Првата светска војна

M T

Бензините во Словенија со цена од 1,775 – дизелот 1,848 евра за литар

M T

Обраќање на Голоб по победата: Ова е јасен мандат за жителите на Словенија кои очекуваат брзи потези

M T