23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТНАУКА

Извор на живот за милиони луѓе: Водата исчезнува во една од најголемите реки во САД

За првпат во историјата, американската влада прогласи намалување на водата поради недостигот во реката Колорадо, извор на егзистенција за милиони луѓе во југозападниот дел на САД.

Одлуката на федералната агенција за вода дојде откако нивото на водата во езерото Мид, најголемиот резервоар во земјата, падна на алармантно ниво. Сега е на најниско ниво од формирањето во 1930 -тите.

Официјалните лица ја поврзаа одлуката за намалување на водата со климатските промени.
Првиот круг намалувања најтешко ќе ги погоди земјоделците во Аризона и Невада, велат локалните власти.

Околу 40 милиони луѓе во САД и Мексико се потпираат на водата во Колорадо.

Езерото Мид во близина на Лас Вегас, создадено по изградбата на браната Хувер, снабдува вода во Аризона, Невада, Калифорнија и Мексико.

Доколку нивото на водата во езерото продолжи да опаѓа, следната година би можеле да следат нови намалувања.

Се проценува дека до крајот на 2021 година, резервоарот би можел да има само 34 проценти од капацитетот.

Сушите оваа година влијаат на голем дел од американскиот Запад.

Во извештајот минатата недела, ОН предупредија дека сушите стануваат се почести поради затоплувањето на Земјата. Според авторите, сушите што обично се случуваат во интервали од десет години, сега се 70 проценти почести.

Експертите, исто така, посочуваат дека не сите суши се предизвикани од климатските промени, но вишокот топлина во атмосферата повлекува повеќе влага од почвата, така што тие се полоши од вообичаеното.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

СПАСЕТЕ СИ ГО ЖИВОТОТ И ИМОТОТ – Вака куќата нема да се урне ниту во ЕПИЦЕНТАРОТ на ЗЕМЈОТРЕСОТ

M T

Сите ја правиме истата грешка: Доктор објасни во кои ситуации НИКОГАШ не треба да пиете вода

M T

Повеќе од една третина од територијата на Пакистан е под вода

M T

Никој не зборува за овие 4 работи во с****т после триесетите, а треба – СЕ СЕ МЕНУВА!

M T

Препознајте ги симптомите: Ждригавица потенцијална причина за рак

M T

Четири хороскопски знаци ќе се сретнат со љубовта на својот живот до крајот на јули: Другите имаат криза во врските

M T