5.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Првпат заврна дожд на Гренланд на висина од 2.600 метри

Првпат откако се вршат мерењата, заврна дожд на ледениот врв во Гренланд, на надморска височина од 2.600 метри, а не снег, што е обичај досега.

Температурите на врвот на Гренланд за време на викендот се искачија над нулата по трет пат за помалку од десет години, објави Си-ен-ен.

Топлиот воздух донесе силен дожд, кој испорача седум милијарди тони вода на површината на мразот.

Ова беа најголемите врнежи на ледениот брег на Гренланд од почетокот на мерењата во 1950 година, според американскиот Национален центар за снег и мраз (NSIDC), а количината на ледена маса изгубена во неделата е седум пати поголема од дневниот просек за ова време од годината.

Висок истражувач, научник на NSIDC на Универзитетот во Колорадо, рече дека ова е доказ дека Гренланд брзо се затоплува.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Облачно со локален дожд, температурата до 19 степени

M T

Променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи

M T

Променливо облачно време со температура до 21 степен

M T

Променливо облачно и нестабилно време со повремен пороен дожд и грмежи

M T

Променливо време со слаб ветер и локален дожд

M T

Променливо време со силен ветер, дожд и град

M T