9.8 C
Скопје
6. декември 2021
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет Во тренд...

Повеќе куќи целосно изгореа во голем пожар во Сараево

фото: Илустрација

Пожар во Сараево денеска уништи неколку куќи, пренесува порталот „Кликс“. Пожарот почнал да се шири рано утрово, оставајќи без покрив над главата околу 20 луѓе.

Според снимките направени од воздух може да се оцени дека штетата е огромна, бидејќи пожарот уништил речиси сè.

Покривите се целосно изгорени, а пожарникарите успеале да спречат огнот да се прошири понатаму кон соседните објекти во населбата.

За обемот на пожарот укажува и големиот облак чад што утрово се надвисна над Сараево.

На местото на пожарот пристигнаа и министри од владата на кантонот Сараево.

Можеби ќе ве интересира

Пожар во руски рудник: Најмалку 11 загинати, десетици се затрупани под земја

M T

Пожарот почнал во предниот дел од автобусот, а внатре имало туби со нафта, вели секретарот за безбедност на Перник, Васко Пиргов

M T

Висок напон на струја го предизвикал пожарот на трансформаторот во РЕК Битола

M T