20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈАИЗБОР

ЕУ го прифати македонскиот дигитален сертификат за вакцинација против Ковид-19

Министерството за здравство информира дека денеска Европската комисија го усвои националниот Дигитален сертификат на Република Северна Македонија и истиот го смета за еквивалентен на Дигиталниот сертификат на ЕУ. Ние сме прва земја во регионот за која сертификатите за Ковид-19 ќе се сметаат за еквивалентни на Дигиталниот сертификат на ЕУ.

Со ова се избегнуваат сите ограничувања во патувањата како што се дополнително тестирање или карантин. Во неопходни случаи, како што е заштитата на јавното здравје, земјите членки можат да преземат дополнителни мерки. Благодарение на оваа одлука ќе бидат укинати ограничувањата за патување за луѓето што ги примиле вакцините против Ковид-19 одобрени од ЕУ.

Со оваа одлука се гарантира дека сертификатите за Ковид-19 издадени од Република Северна Македонија ќе се сметаат за исти со Дигиталниот сертификат на ЕУ за Ковид-19,а нашата земја официјално е поврзана со системот на ЕУ со сертификатот за Ковид-19 издаден од нашите авторитети ќе биде прифатен во ЕУ под истите услови како и Дигиталниот сертификат за ЕУ. Во пракса, носителите на овие сертификати ќе можат да ги користат под истите услови како и носителите на ЕУ Дигиталниот сертификат за вакцинација, велат здравствените власти.

Одлуката на Европската комисија е признание за Република Северна Македонија за преземените активни чекори од наша страна со правилата на ЕУ во оваа насока и потврда за автентичноста и валидноста на чекорите кои се преземаат со цел заштита на здравјето на нашите граѓани, напоменуваат од министерството.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

ЕУ воведе санкции кон Иран

M T

Борел: ЕУ зависи од Русија и Кина, но и од САД

M T

Каевски: Историско поглавје од преговорите со ЕУ, започна скрининг процесот

M T

ЕУ ги продолжува индивидуалните санкции против Русија за шест месеци

M T

СДСМ: Започнува скрининг процесот, нов чекор од патот кон ЕУ

M T

Фон дер Лајен: ЕУ е нецелосна без Западен Балкан, Украина и Молдавија

M T