9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Словенија ги повика сите членки на ЕУ на кризен состанок за Авганистан

Словенија, како претседател на ЕУ, ги повика денеска сите членки на Унијата да се соберат на кризен состанок за да разговараат за ситуацијата во Авганистан, откако талибанците ја презедоа контролата врз главниот град Кабул.

По вонредната конференција на министрите за внатрешни работи на земјите-членки на ЕУ за мигрантската криза во балтичкиот регион, словенечкиот министер за внатрешни работи Алес Хојс изрази надеж дека слична средба може да се свика поради ситуацијата во Авганистан.

Ваквиот министерски собир може да се одржи за само неколку дена, потврди претставник на ЕУ, иако не е јасно дали министрите за внатрешни работи од земјите на ЕУ повторно ќе се состанат.

Словенија во моментов претседава со Унијата, што значи дека претседава и со состаноци на министерско ниво.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

ЕУ воведе санкции кон Иран

M T

Борел: ЕУ зависи од Русија и Кина, но и од САД

M T

Во Словенија падна снег

M T

Каевски: Историско поглавје од преговорите со ЕУ, започна скрининг процесот

M T

ЕУ ги продолжува индивидуалните санкции против Русија за шест месеци

M T

СДСМ: Започнува скрининг процесот, нов чекор од патот кон ЕУ

M T