7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Горат борови шуми околу Атина – во опасност се населението и куќите

Грчките пожарникари сe уште се борат со пожарот што ја зафати една од последните преостанати борови шуми во близина на Атина, предупредувајќи дека пожарот може да ги загрози станбените згради.

Повеќе од 500 пожари избија низ цела Грција во последните недели, уништувајќи ги шумите и принудувајќи илјадници луѓе да се евакуираат.

„ Пламенот е огромен. Не знам што ќе се случи, пожарот се приближува до куќите”, изјави Лефтерис Космопулос, заменик-гувернер на регионот Западна Атика, за државната телевизија ЕРТ.

Автобусите беа во состојба на готовност во градот Вилија, на околу 50 километри од Атина, со цел да се евакуира локалното население во случај на потреба, бидејќи силниот ветер дополнително ја запали пожарната стихија.

Иако 400 грчки пожарникари ги гаснат пожарите во Западна Атика, со помош на колегите од Полска, 15 хеликоптери и шест канадски авиони, од вчера се евакуирани десетина помали села.

Претходно денеска, градоначалникот на градот Мандре, Христос Статис, за грчките медиуми изјави дека постојат силни индиции дека пожарите биле подметнати од пиромани.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Десетгодишно момче подметнувало пожари на Лезбос

M T

Активни три пожари во Македонија, најголемиот е на Криволак

M T

Пожари беснеат во Велика Британија, гори земјиште од осум хектари

M T

Пожари на Халкидики: Пожарникарите работат на три локации

M T

Голем шумски пожар во Атина, зафатени се куќи ,евакуирана е детска болница

M T

Пожари во Словенија, огнот брзо се шири па се стравува од експлозии од Првата светска војна

M T