7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бајден за кризата во Авганистан: Мислам дека не беше неуспех

Во настап на телевизиско интервју американскиот претседател го бранеше повлекувањето на американските војници од Авганистан и притоа кажа дека не мисли дека кризата во Авганистан е неуспех и дека не постел начин да се направи подобро.

Во интервјуто, како што пренесуваат медиумите, Бајден беше прашан дали грешка во разузнавањето, планирањето, извршувањето или проценката доведе до сегашната ситуација во Авганистан.

„Мислам дека тоа не беше неуспех“, одговори тој.

„Кога ја имавте владата на Авганистан, лидерот на таа влада се качи во авион, полета и отиде во друга земја. Кога го видовте значителниот колапс на авганистанските војници што ги трениравме, се случи. Тоа само се случи”, кажа Бајден.

На прашањето дали мисли дека повлекувањето можело подобро да се реши, Бајден одговори: „Не“.

Претседателот одговори дека смета дека хаосот во земјата бил неизбежен по заминувањето на американските војници, иако се ветуваше сигурно и уредно повлекување со месеци.

„Една од работите што не ја знаевме беше што ќе направат талибанците, во смисла да се обидат да ги спречат луѓето да излегуваат. Што прават сега? Тие соработуваат, пуштаат американски државјани надвор, излегува американски персонал, лица од амбасади и слично “, рече Бајден.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Георгиева: 48 земји во светот се особено изложени на криза со храна

M T

Европа оваа година ја доживеа најлошата криза со птичји грип досега

M T

Ковачевски: Владата има многу јасен план за справување со енергетската криза

M T

СДСМ: Во време на криза училиштата не смеат да се затвораат, општините да ги редефинираат приоритетите

M T

Милановиќ: Кога Бајден ќе лета со комерцијален авион, тогаш и јас ќе летам

M T

Бајден: Војната во Украина ќе се одолговлекува

M T