15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
facebook
СВЕТ

Столтенберг: НАТО не очекуваше толку брз колапс во Авганистан

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска изјави дека постои закана од меѓународен тероризам поради враќањето на талибанците на власт во Авганистан и дека западната одбранбена алијанса мора да биде будна за да остане во првите редови во борбата против тероризмот.

Столтенберг, исто така, на прес-конференцијата рече дека брзината на колапсот на авганистанската национална армија, по напредокот на талибанците, бил изненадување и дека НАТО може да извлече поуки од тоа, но дека главниот фокус сега е да се евакуираат луѓето од земјата.

Тој ги повика талибанците да го олеснат заминувањето на сите оние кои сакаат да го напуштат Авганистан и рече дека западната одбранбена алијанса се согласила да испрати дополнителни авиони во Кабул за евакуација.

Генералниот секретар на НАТО нагласи дека има незадоволство поради неуспехот да се постигнат подобри резултати по толку години ангажман во Авганистан, наведувајќи дека никој не очекувал таков брз колапс на авганистанските безбедносни сили и владата.

„Талибанците мора да спречат Авганистан повторно да стане жариште на тероризмот. Оние кои сега ја преземаат власта имаат одговорност да обезбедат меѓународните терористи да не го вратат своето упориште“, изјави Столтенберг пред новинарите во Брисел.

„Дел од авганистанските безбедносни сили се бореа храбро. Но, тие не беа во можност да ја обезбедат земјата бидејќи на крајот, авганистанскиот политички врв не успеа да им се спротивстави на талибанците и да постигне мирно решение што Авганистанците очајно го сакаа“, рече генералниот секретар на НАТО.

Тој, исто така, нагласи дека планот бил да се изгради одржлива авганистанска држава, а не силите на НАТО да останат таму засекогаш.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Рекордни 83 отсто од Украинците сакаат членство во НАТО

M T

Мангер: Доларот ќе стане безвреден, на светот му се заканува целосен колапс

M T

Ковачевски: Стратешките комуникации на НАТО се најсилното оружје против дезинформациите и хибридните дејствија

M T

Богоев: Нашата земја има план А, членство во НАТО и ЕУ, се друго е спротивно на државниот интерес

M T

Силен земјотрес во североисточен Авганистан, најмалку осум лица загинаа

M T

Русија: Игнорирањето на НАТО на црвените линии на Москва е ризично

M T