13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТМОЗАИК

Го измами „жена на умирање“: Му вети наследство, тој и плати 20.000 евра

Маж од селото Петровци во околината на Вуковар паднал на голема измама преку Фејсбук, пренесуваат хрватските медиуми.

Имено, на оваа социјална мрежа, едно лице му се претстави како постара баба, која умира, без наследник кому би го оставила наследството доколку и помогне.

Не се работеше за мало наследство, туку целиот имот и 650.000 евра, а за возврат таа само побара да ги покрие трошоците на својот адвокат.

Според полицискиот оддел Вуковар-Сријем, 35-годишникот уплатил пари од различни суми во периодот од мај до август 2021 година. На тој начин, наводно, загубил 20.000 евра од сопствената заштеда.

Тој ги уплатил парите во различни суми, во текот на неколку месеци, но неофицијалните информации велат дека „жената што умира“ сепак барала дополнителни уплати… Потоа, тој одлучил целиот случај да го пријави во полиција.

Полицијата спроведува кривична истрага и ги предупредува другите да не паѓаат на слични понуди.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Референдумот е измама на Мицкоски за граѓаните, за свои цели и против ЕУ

M T

Кривична пријава за охриѓанка поради измама

M T

Австриец пронашол златна плочка во стар кауч, вредна речиси 50.000 евра

M T

Кривична пријава за две лица за измама и лажно претставување

M T

Вработен во кино откри измама со пуканки: Плаќате повеќе, а количината е иста

M T

Тетовец лажно се претставувал како лекар, измамил повозрасен охриѓанец и добил 40.000 денари

M T