11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Борел: Талибанците ја добија војната, ќе мора да преговараме со нив

Откако талибанците ќе ја преземат власта, ЕУ ќе соработува со новата авганистанска влада само доколку истата ги почитува основните права, вклучително и правата на жените и се осигура дека терористите нема да ја користат авганистанската територија, изјави шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел.

Тој го искажа ставот на ЕУ по вонредниот состанок на европските министри за надворешни работи на кој се разговараше за молскавичното заземање на авганистанскиот главен град Кабул од страна на талибанците.

„Треба да стапиме во контакт со властите во Кабул… Талибанците ја добија војната, затоа ќе мора да разговараме со нив“, рече тој на прес-конференција по состанокот.

Наскоро ќе мора да започнеме дијалог за да спречиме потенцијална миграциска катастрофа и хуманитарна криза, додаде Борел.

Нагласи дека приоритет на ЕУ е евакуација на персоналот и авганистанските соработници од Кабул. Тој вети дека ЕУ ќе продолжи да дава помош за граѓаните на земјата во услови на влошена хуманитарна ситуација во Авганистан.

„Соработката со која било идна авганистанска влада ќе биде условена со мирно и инклузивно решение и почитување на основните права на сите Авганистанци, вклучително и жените, младите луѓе и малцинствата, како и почитување на меѓународните обврски на Авганистан. Исто така, ќе биде условено и со борбата против корупцијата и очекуваме новата влада да спречи терористички организации да ја користат авганистанската територија“, истакна Борел.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Британски министер: Ќе ја поддржуваме Украина додека не победи во војната

M T

Шолц: Путин мора да разбере дека не може да победи во војна

M T

Борел разговараше со лидерите на Западен Балкан за последиците од војната во Украина

M T

Бајден: Војната во Украина ќе се одолговлекува

M T

Зеленски: Не е точно дека струјата поскапе поради војната, Русија претходно вештачки ги зголеми цените

M T

Резников: Најлошото сценарио е зад нас

M T