14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Продолжена евакуацијата од Кабул, воени летови за спас на цивили и дипломати

Од утрово повторно започнаа воените летови за евакуација на дипломати и цивили од Авганистан, изјави висок претстатвник на безбедносните сили на аеродромот во Кабул.

Пистата, која вчера беше преполна од илјадници луѓе кои очајно сакаа да побегнат од авганистанската престолнина, сега е без метеж, рече официјалниот претставник.

Американските сили ги прекинаа летовите за евакуација вчеравечер поради хаосот што настана кога илјадници Авганистанци се собраа на аеродромот со надеж дека ќе го фатат секој лет за бегство од земјата.

Пентагон синоќа потврди дека летовите од аеродромот во Кабул биле повторно воспоставени откако биле откажани порано во текот на денот.

Сликите и снимките што го обиколија светот покажаа Авганистанци кои брзаа кон аеродромот во обид да ја напуштат земјата, некои од нив трчаа на пистата покрај авионот што се подготвуваше за полетување, а имаше и такви кои се качија во авионот. Најмалку седум лица загинаа во хаосот на аеродромот, вклучително и оние што паднаа од американскиот воен транспортен авион.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Евакуацијата од Азовстал продолжува

M T

Киев: За денеска е планирана евакуација на цивили од Азовстал

M T

Градоначалникот на Мариупол бара целосна евакуација на градот

M T

Обилен дожд во Австралија – Повторно наредена евакуација

M T

Во Украина почна привремен прекин на огнот за евакуација на цивили

M T

Жителите на Мариупол го напуштаат градот

M T